МАЈКА ВО ГОЛЕМА ПАНИКА, Сѐ ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ?! „Ќерка ми ме фати во жешка акција – со љубовникот“

1 октомври, 2020
shutterstock_413967841

Се заиграа во кујната и од страст не го слушнаа девојчето, кое се разбуди и почна да се симнува по скалите

На оваа 35-годишна мајка и се случи најголемиот хорор од сите родители – малечката ќерка влезе во кујната и ја фати во љубовен клинч. Да бидат работите уште полоши, жената во тоа време немала секс со таткото на девојчето т.е нејзиниот сопруг.

Анонимна мајка изјавила дека пронашла љубовник откако нејзиниот сопруг почнал да биде се почесто надвор од домот заради работа. Нејзиниот љубовник е исто така оженет и е две години помлад од неа.

Тие се апознале на работа, но кога започна карантинот и работата од дома, не можеа да се гледаат толку често; сето тоа се сведе на флерт преку „Zoom“. Веднаш штом мерките се олеснија, љубовниците се сретнаа и имаа секс во автомобилот – неколку пати.

И тогаш таа донесе фатална одлука

„Кога работите почнаа да се враќаат во нормала и кога нашите деца започнаа со училиште, најсигурна опција беше тој да дојде во мојата куќа бидејќи мојот сопруг работи шест дена во неделата. Минатата недела, ќерка ми се разболе и остана дома, но спиеше цел ден, така што не видов проблем во шверцувањето на мојот љубовник во куќата “, изјави 35-годишната за „The Sun“.

Се заиграа во кујната и од страст не го слушнаа девојчето, кое се разбуди и почна да се симнува по скалите. Влезе во кујната и рече дека не се чувствува добро. „Таа беше полууспана, и јас брзо се облеков и ја однесов во собата додека љубовникот излета од куќата. Брзо заспа повторно“, додаде мајката.

Не сака ниту да ја прекине аферата

Но, сега таа се плаши дека малото девојче ќе му каже на својот татко сè за тоа како ја пронашла својата мајка со друг маж. „Единствено што ме теши е што мојот сопруг работи во долги смени и не и се посветува толку многу на неа кога е дома. Ниту мене не ми обрнува многу внимание и тоа е една од главните причини зошто имам друг“, објасни таа.

„Со години не се согласуваме и нашиот сексуален живот стана здодевен. Знам дека звучи себично, но не сакам да ја прекинам мојата афера. Од друга страна, не сакам мојот љубовник да го напушти своето семејство. Ниту јас не би го сторила истото“, заклучила загрижената мајка.

Ќерката веројатно нема да биде проблем, но…

„Ако помина една недела, и девојчето не му кажало ништо на вашиот сопруг, тогаш таа веројатно не ни сфатило што видело. Сепак, вие си играте со оган и оваа афера нема да заврши добро. На крајот на краиштата, вашиот сопруг порано беше вистинскиот човек за вас веднаш штом се омажите за него, па мислам дека треба да вложите повеќе енергија во вашата врска и да го оживеете вашиот сексуален живот “- ѝ напиша една психотерапевтка.