Мажи, обрнете внимание на овие работи: Можеби затоа вашиот полов орган има непријатен мирис

11 јули, 20200
км,м,

Ова често е резултат на лошата хигиена и може да доведе до инфекција, но експертите тврдат дека сето ова може да се случи кај луѓе кои одржуваат лична хигиена заради комбинација на влага, пот и бактерии кои живеат природно на кожата.


Срамните влакна апсорбира влага и непријатни мириси, што отежнува кожата да остане ладна и сува. Сепак, не е неопходно целосно да се отстранат влакната, но доволно е да ги скратите, советува д-р Редборд.

Верувале или не, но постои вистински начин како да ги измиете гениталиите. Непријатниот мирис е често последица на одредени бактерии кои се акумулираат во сите можни набори на кожата, па затоа е неопходно да се „нападнат“. Д-р Тобас Кохлер од Универзитетот во Северен Илиноис, тврди дека најважно е да има сапун во сите набори кога се туширате. Антибактерискиот сапун е добро решение и обрнете посебно внимание на подрачјето под кожичката на пенисот, ако сте необрежани.

Д-р Редборд вели дека најважно е да се намали влажноста. Помалку влага – помалку и непријатни мириси. Значи, по туширањето, важно е добро да се исушат препоните и сите површини околу гениталиите. Овој лекар дури советува употреба на фен за коса, за да бидете сто проценти сигурен дека сè е во најдобар ред.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *