Меланија Трамп среде криза во мантил од 1200 долари.

27 април, 20200
melanija 3

Четириесет и девет годишната Меланија Трамп изгледала фантастично кога со својот 24 години постар сопруг и претседател на САД се појавила на одбележување на денот на планетата земја во Белата куќа.

Меланија во последно време не се појавува во јавноста заради актуелната пандемија од коронавирус.

Но, минатата недела се појавила со сопругот во Белата Куќа за да го прослават Денот на планетата.

За таа прилика облекла маслинест “тренч” мантил од модната куќа на Викторија Бекам, кој чини скромни 1215 долари.

Веднаш по нејзиното појавување многумина си го поставија прашањето кој ја плаќа нејзината облека?

Сепак, тврдењата дека даночните обврзници ја плаќаат нејзината облека е малку веројатно. Богатството на Меланија се проценува на 40 милиони долари.

Треба да се земе и предвид дека повеќето облеки таа ги добива на подарок, а доколку ги купува, добива неверојатни попусти.

И нејзиниот портпарол изјавил дека таа “сама плаќа за облеките кои ги носи”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi