Месар- бунтовник открива: кога колбасот станува пробиотик?

8 мај, 2020
месо

Доколку некој се прашува зошто Велика Британија не станала горда индустрија за месо, одговорот го дал Џејмс Свифт.

Тој вели дека како држава Британија започнала со урбанизација цел век пред останатите европски земји и како резултат на тоа дошло до опаѓање на занаетската размена. Свифт израснал на фарма во Сасекс со татко кој одгледувал храна и мајка французинка која ја подготвувала храната.

И самиот тој се оженил со жена која доаѓа од рурална средина и купил фарма. Некои од првите животни му биле свињи, но тој заклучил дека луѓето не сакаат да потрошат пари на свежо свинско месо.

Па така, се фокусирал на сувомесни производи за кои никој не слушнал во Велс до 2004 година, а производтвото во државата не било познато.

“Ако во Тоскана во одреден период закачите салама, ќе добиете бела мувла која го штити месото и дури има и вкус на салама. Ако истото го направите во Велс, ќе добиете скапано парче месо”, кажал тој. 600

Вештачките адитиви и амбалажи од разни фарми можат да ве измамат дека храната е здрава, но Свифт советува малку да истражувате и да проверувате што купувате и од каде доаѓа производот.