„Мила, биди потивка“: Тивки пози кога не треба никој да ве слушне

22 декември, 2020
ts1

Добриот секс е честопати и гласен, што не значи дека треба да се откажете од него ако живеете со вашите родители или имате деца. Изберете пози во кои можете малку да ги потиснете страстите, или половина од нив нема да се слушнат од водата која тече под тушот

1. Мисионерска поза

Ова е одлична, многу интимна поза што не испушта силни звуци.

– Постои добра причина зошто оваа поза ја нарекуваме класична. Мисионерската поза им овозможува на партнерите да бидат лице в лице и да имаат топол контакт со очите. Покрај тоа, овој близок контакт и триење на телото е одличен начин за стимулирање на клиторисот – објасни Лиза Фин, сексуална едукаторка во Бабеланд, компанија за сексуални играчки.

2. Ажурирана поза 69

Позата 69 е добро позната на сите, а нејзината изменета верзија се разликува само по тоа што обајцата лежат на страна (не едниот на грб, другиот горе).

Партнерите се водат едни со други во меѓуножјето и си даваат орален секс. Оваа поза е исто така многу тивка. И не заборавајте да ги користите прстите за дополнителна стимулација.

3. Под туш

Сексот под туш е одличен кога сте сигурни дека другите спијат. Може да ја заклучите вратата од бањата, а звукот на вода ќе ги камуфлира звуците на сексот.

– Обидете се да ја подигнете едната нога и да ја ставите на чешмата, ќе биде поудобно. И не заборавајте да понесете лубрикант со вас затоа што водата ги мие природните течности – вели сексологот Џес О’Рајли.

4. Со лицето во перница

Ова е помирна верзија на doggy style. Жената лежи на стомак, а партнерот продира одзади. Притисокот на неговото тело ќе го залепи клиторисот на душекот, така што ќе има дополнителна стимулација. Ако сакате да врескате од задоволство, земете перница и нурнете се со лицето во неа.

5. Јавачка поза

Мажот лежи на грб, на пример, на тепих, а жената стои над него со раширени нозе, па се спушта надолу и на тој начин продира.

Оваа поза е добра затоа што клекнувањето на тепих може да биде многу непријатно за колената, а покрај тоа, жената има голема контрола над целата ситуација.

6. Свиткана поза

Оваа поза е слична на т.н. лажичка. Двајцата партнери лежат на страна со лицата свртени на иста страна и ги свиткуваат нозете на колената. Тој е зад неа и се блиску еден до друг.

Секс експертката Рејчел Рајт ги советува жените да ја кренат едната нога, а штом пенисот е внатре, тие можат да ја спуштат.

7. Поза „коњ лулка“

Во оваа поза, мажот седнува, ги прекрстува нозете (како да вежба јога), ги потпира рацете зад него на душекот, а жената седи на него со раширени нозе и го прегрнува со нив. Таа ја има целата контрола.

Оваа поза е многу интензивна и истовремено интимна. Плус, може да биде многу тивка, што е одлично ако, да речеме, вашата свекрва спие од другата страна на идот.