Аксесоари и гардероба кои ги прославија иконите на стилот: Од Грејс Кели до сестрите Олсен!(ФОТО)

12 мај, 20200
sestri

Големиот Сен Лорен еднаш рече: “Модата избледува, а стилот е вечен.” Иако ова не се однесуваше посебно за јавните личности,ова мислење и понатаму останува чиста вистина.

И за малку да прошетаме низ модната меморија, заокруживме 12 модни икони и парчиња што ги направија овие дами популарни.

1.Кели и ташната “HERMÈS KELLY ”  -Едноставно една од безвремените чанти во историјата на модата, торбата на Хермес ’Кели’ го носи своето име од  еден пресуден  момент од 1956 година, кога актерката и кралицата Грејс Кели ја носеше таканаречената „Sac à Dépêches“ како штит за да го покрие трудничкото стомаче.

2.Џеки Кенеди и ташната “GUCCI JACKIE” – Иако поранешната прва дама на САД, Жаклина Кенеди Оназис започна многу трендови, торбата на Гучи “JACKIE” која беше именувана во нејзина чест е веројатно нејзиното најголемо модно наследство.

3.Одри Хепберн и “Givenchy”-малиот црн фустан – Одри Хепберн носеше црн фустан од “Givenchy” за време на филмот од 1961 година- “Breakfast at Tiffany”

4.Принцезата Дијана и “Dior Lady” Диор ташна-Принцезата Дајана останува една од иконите на стилот во светот на модата. Не е никаква тајна дека Диор беше една од омилените брендови на покојната принцеза, што на крајот доведе до торбата „Лејди Диор“ да ја носи името во 1995 година.

5.Роузи Ханингтон-Вајтли и “BOTTEGA  VENETA POUCH”  ташна-Оваа ташна стана хит благодарејќи и на Рози, која сподели снимка од својата колекција на својот Инстаграм профил.

6.Кејт Мидлтон и “EMILIA WICKSTEAD-KATE” фустан-Еден од најпрепознатливите фустани на војвотката е дело на дизајнерот на Нов Зеланд, Емили Виксет.Овој фустан е именуван по името на војвотката.

7.Меган Маркл и “STRATHBERRY-MIDI” ташна -Меган Маркл носеше торба од шкотскиот бренд Стратбери „Миди“ за нејзиниот прв кралски ангажман во 2017 година и релативно непознатото, брендот доби меѓународно признание.

8.Сара Џесика Паркер и “MANOLO BLAHNIK” кондури-Честопати видена како носи „Манолос“, како што беа наречени, на црвените теписи со текот на годините, актерката соработуваше со славен дизајнер на чевли за своја линија.

9.Кралицата на Шпанија Летиција и “STEVE MAIDEN” кондури-Чевлите на Стивен Маден „Плаза“, кралицата ги носеше во неколку наврати.

10.Близначките Олсен и “Saint Laurent”- “Tribute” кондури-Близначките ги популаризираа чевлите „Tribute“ на Сен Лоран, што ги прави еден од најпрепознатливите стилови во оваа деценија.

11.Никол Ричи и “ALEXANDER MCQUEEN-SKULL” марама-Еден од најбараните додатоци на 2000тите, шалот “alexander-mcqueen-skull” се сметаше како добар аксесоар за девојките, особено на ѕвездата на “The Simple Life” и “It”, Никол Ричи.

12.Алекса Чанг и “MULBERRY-ALEXA” ташна-Иконата на стилот на Алекс Чанг им се придружи на редовите на Грејс Кели и Џеки Кенеди во 2010 година, кога британскиот бренд Mulberry ја именуваше торбата по неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi