Атрактивната Емили Ратајковски го украде целото внимание во летната комбинација која никогаш не излегува од мода

10 јули, 20200
емили

Како и секој одговорен сопственик на кучиња, познатата американска манекенка и новата русокоса Емили Ратајковски на градските улици редовно може да се види како шета со нејзиниот пуфкаст пријател по име Коломбо, а со секое обично издание успева да привлече посебно внимание на јавноста.

Emily Ratajkowski

Познатата бринета, која неодамна ги изненади своите обожаватели со радикална трансформација во русокоса, моментно е во Њујорк, на чии градски улици не може да помине незабележано.

Emily Ratajkowski

Како и многу дами, оваа позната убавица, која стана позната по спотот ‘Blurred Lines’ на пејачот Робин Тике, не ја крие нејзината љубов кон добитната модна комбинација во летните месеци во знак на трепетлив лелеав фустан и пар безвременски, бели патики.

Emily Ratajkowski

Во Менхетн, Њујорк, таа го привлече вниманието во свиленкав, црн модел фустан што не е отстранет од списокот на жешки модни трендови во последните сезони, а моделот за кој се одлучи манекенката се издвојува со тенки бретели и драматичен пресек на задниот дел кај грбот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *