ЧИСТ ГЛАМУР: Ирина Шајк на најновата насловна на германскиот Вог

7 ноември, 2020
irina


Познатата 34-годишна манекенка Ирина Шајк ќе ја украси насловната страница на германското издание на списанието Вог, за кое беше фотографирана на езерото Комо во Италија.


Ирина Шајк е чист гламур во свежо направените фотографии за насловната страница на германското издание на Вог. Руската убавица позираше на езерото Комо во Италија во сив бикини и тесно бело здолниште.


Сликите се направени од познати модни фотографи Луиџи и Јанго. Манекенката позираше на бродот.


Ирина Шајк позираше за насловната страна во горен дел со златни светки под кое се гледа црн градник. Шминката совршено ги нагласува зелените очи на моделот. Но, правењето одлични фотографии имаше и свои лоши страни – Ирина Шајк призна дека замрзнала на езерото затоа што беше ладен ден.

escort - Korsan taksi