Дали трендот “sustainable fashion” е уште еден маркетиншки трик кој продава?

12 јули, 2020
купување

Во модерното општество односот на понуда и побарувачка никогаш не бил поочигледен, потрошувачите никокогаш повеќе не им верувале на големите корпорации кои со сите сили се обидуваат да ни го извлечат и последниот денар од џеб, а модата во овој општествен спектакл станала совршен полигон за креираењ на “брза мода”, која ја довела модата до степен на втора преработувачка индустрија која најмногу и штети на околината и на штета на се, квантитетот го поставува високо на листата на приоритети. Денешната мода е многу конкурентна, што значи дека се натпреварува самата со себе и во тој процес ја губи релевантноста станувајќи алатка за манипулација на поединецот. Како најдобар пример можат да се издвојат многу популарни “high street” брендови кои буквално и без срам креираат колекции од висока мода и така стануваат трендови. Прашањето на трендот се наметнува уште откако постои модата и до денес не е прецизно дефинирано. Самата идеја за трендот е минливост, циркулација и нешто актуелно, не нужно негативно па се отвора простор за дискусија зошто негативниот аспект на трендот се одразува најпрво во модата. Паралелно со трендот, стигнуваме и до стилот, кој, лаички кажано претставува нешто подобро, поконкретно и поавтентично, и затоа, во модерното, современо општество, доста е тешко да се смират овие два феномени.

Fashion Sustainability е термин кој би означувал модна одржливост, а одржливоста е развој кој не ги загрозува потребите на сегашноста и е фокусиран на технологијата, економијата, општеството и секако- екологијата. Да се вратиме на модата, како додаток на дефиницијата, модната одржливост и се она што е модната индустрија никако не одат заедно, но сепак постојат некои корелации. За разлика од брзата мода која е изградена на основите на профитерството и конзумеризмот, спората мода е синоним за долготрајност, совесно конзумирање и деловни одлуки кои не одговараат на темелите на кои е поставена брзата мода.

Иако поимите брза и бавна можат теориски да се разликуваат и  вклопат во модната одржливост, во пракса е малку потешко. Модата е промена и таа засекогаш ќе значи промена, па кој е најбезбедниот начин за да се управува со индустријата на која лежи цело богатство и како да се задоволат сите страни?

Кога ќе се спомне модна индустрија ни доаѓаат толку многу асоцијации, од позитивни, па се до негативни, вклучувајќи ја злоупотребата на работна сила, отровните бои кои се користат и пластиката преработена во влакна кои секојдневно ги носиме на нашето тело. Дали станавме толку незаинтересирани, па навистнина не ни е грижа апсолутно за ништо освен за сопствената удобност и задоволство? Дали навистина сме општество кое не води грижа за светот околу себе и верува во естетика која се заснова на копии и креативни кражби? Тешко е да се биде лишен од лицемерие во кое сите влегуваме, почесто или поретко, во трговија која на своето општество му носи културен минус.

Текстилната индустрија е еден од најголемите загадувачи на околината и тоа најпрво заради користењето на разновидни хемикалии кои се произведени по лабораториски пат. Во општесвото владее мислење дека заштитата на околината е еден од проблемите на кои поединецот не обрнува многу внимание, затоа што се додека човечкото око гледа убав цвет во паркот, проблеми не постојат и сето тоа мислиме дека се случува на некое друго место. За жал, реалноста е сурово поинакв, а нашата свест и понатаму е непроменета. Идејата не е потполно да се заборави на преработката, да се наведнеме и да чистиме памук, но треба паметно да одбираме.

Во многу земји second hand продавниците се уште предизвикуваат срам, се сметаат за места на кои купуваат сиромашни луѓе, а всушност се работи за модни рудници кои ја поттикнуваат креативноста и создавањето на личниот стил. Интересно е што мислиме дека е грозно да носиме туѓа облека, додека воопшто не ни се гади од облека направена од отрови и од пролеани солзи на деца-работници.

Популарните личности се повеќе се трудат да ја рециклираат гардеробата, а имавме прилика да ја видиме Џејн Фонда два пати во ист фустан, како и Кејт Мидлтон, која воошто не се срами да облече една комбинација повеќе од еднаш. Можеби ваквите примери се доволни за една генерација која сака да копира, па можеби ќе сака да го копира и трендот на рециклирање.

Денешниот моден пазар сосема добро ги информира своите купувачи за она што е тренд, па така голем дел од модните брендови на своите веб странци воведоа и рубрика sustainable која наводно одговара на самиот назив. Компани како Chanel, Ralph Lauren, Prada , но и оние за брза мода како H&M или Zara имаат потпишано т.н. пакт за мода во кој тврдат дека ќе внимаваат на екологијата и на загадувањето на природата. Па оттука се наметнува прашањето дали поимот fashion sustainability е реален, или се користи како тренд и е дел од уште една маркетиншка манипулација.

View this post on Instagram

“What is a fashion magazine without photo shoots? Without those glossy images of models, photographed in glamorous locales and produced by a small army of hairstylists, makeup artists, editors and assistants?⁣ ⁣ It’s a more environmentally friendly magazine, for one. Or so says Italian Vogue, which aims to make a statement about sustainability this month by omitting photo shoots.⁣ ⁣ In his January 2020 note to readers, Emanuele Farneti, the editor in chief, described what it takes to fill one issue of his magazine (in this example, the traditionally thick September issue) with original photographs:⁣ ⁣ “One hundred and fifty people involved. About twenty flights and a dozen or so train journeys. Forty cars on standby. Sixty international deliveries. Lights switched on for at least ten hours nonstop, partly powered by gasoline-fuelled generators. Food waste from the catering services. Plastic to wrap the garments. Electricity to recharge phones, cameras …”⁣ ⁣ Owning up to this pollution was important to Mr. Farneti, particularly after he and the 25 other international Vogue editors made a pledge in December to help “preserve our planet for future generations” and show respect “for our natural environment.”⁣ ⁣ These are not unusual declarations, given the fashion industry’s obsession with projecting sustainability. But “declarations are not enough,” Mr. Farneti said in an interview.⁣ “It’s very important that you actually act,” he said.⁣ ⁣ His act: replacing photos with illustrations, hiring artists to “show clothes without photographing them,” as he described in his editor's note.⁣ ⁣ The issue, on newsstands Jan. 7, comes packaged in eight different covers. Each depicts a model wearing Gucci, though the covers vary in style from collage painting to Japanese fantasy-meets-Italian renaissance. All feature a single phrase: “No photo shoot production was required in the making of this issue.”“⁣ ⁣ Jessica Testa / @nytimes ⁣ Keep Reading: https://nyti.ms/2QlEOWR or link in bio ⭐️ #SFFGoodReads

A post shared by Sustainable Fashion Forum (@thesustainablefashionforum) on

Одржливата мода не значи само да се рециклира материјал , туку и купување во second hand продавница и паметно вложување кое не трае само една сезона.

Одржливата модна свест е иновативна и поттикнувачка, не само за купувачот и работникот, туку и за околината.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi