Еве какви нокти ќе бидат во мода!

29 мај, 20200
nokti

Козметичарката, којашто им ги средува ноктите на многу познати ѕвезди, ги постави трендовите за ова лето – облик, боја и должина

Со оглед на тоа дека многу славни дами и ја подариле својата доверба, можеме да бидеме сигурни во нејзините способности, па дури и кога се во прашање трендовите за ова лето.

Козметичарката Луси Такер соработува со многу познати ѕвезди, како што се Селена Гомез, Лејди Гага, Џесика Бил и многу други.

Таа ни објаснува што ќе биде ин во сезоната којашто е пред нас:

  • БОЈА

Ова лето ќе се носат неонски бои. Во прашање се прилично јаки бои, но не на целиот нокт. Станува збор за ненонско омбре, кое се нанесува на врвот од ноктот, а потоа можете целиот нокт да го налакирате со лак кој создава мат ефект

  • ДОЛЖИНА

Должината ќе биде значајно пократка! Поради пандемијата со Коронавирусот, многу дами ги отстранија долгите нокти, а постои и можност трендот на кратки нокти да се задржи подолго.

  •  ОБЛИК

На шпиц – ноктите им дојде крајот, сега е во тренд овалното обликување!  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi