Гучи продава фармерки со дамки од трева за 40 000 денари!

22 септември, 2020
gucci5

Алесандро Мишел, креативен директор на Гучи, е автор на некои од најневообичаените креации во последните неколку години, а овојпат тој предлага фармерки кои изгледаат како да имаат дамки од трева на колена.

Ретро шик за оваа италијанска модна куќа е постојана инспирација, тие можат да најдат и скап дизајн кој изгледа многу истрошен или користен, како што се фармерки со дупки и слични детали. Но, овој пат тие се инспирирани од градината и од лежерната облека што ја носиме во природата. Но цената е исто толку гламурозна, па фармерките што изгледаат валкани и истрошени чинат околу 40 000 денари.