КАКВА МАЈКА ТАКВА ЌЕРКА: СЕГА ЗНАЕМЕ КЕЈТ МЕДИЛТОН ОД КОГО ГО НАСЛЕДИЛА ОДЛИЧНИОТ СТИЛ

29 април, 20200
кејт 0

Веќе е општо познато дека војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон има префинето чувство за мода и комбинации со кои таа секогаш се истакнува во мнозинството, а повторно тие се достојни за идната кралица. Дури и ако околу себе има тим стилисти, не се сомневаме дека Кејт им дава предлози.

Едноставноста и елеганцијата се нејзиниот прв приоритет, и се чини дека таа го наследила одличниот стил од нејзината мајка, Карол Мидлтон, која е сопственик на Party Pieces за продажба на реквизити за забави и разни настани. На Инстаграм профилот на нејзината компанија, таа сподели фотографија на која се подготвува да донира голема кутија со играчки на детските одделенија во локалната болница.

За таа великодушна пригода, таа носеше мини фустан со сличен ретро дезен што можевме да го видиме на Кејт во неколку наврати, и фустанот го искомбинира со Castañer еспадрили на полна пета што нејзината ќерка многу сака да ги носи на топло време. Што се однесува до фустанот на Керол, станува збор за минатогодишниот модел на брендот Jaeger.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *