Кејт Мос говори за стилските икони и ултимативните модни правила

26 јуни, 20200
kate moss

Во едно од поретките интервјуа на култниот модел таа откри кои се најгламурозните жени што ги познава, какво е нејзиното златно модно правило и како се смени модната индустрија во последните неколку децении …

Постојат модели, постојат врвни модели и ја имате Кејт Мос.

Таа ја започна својата кариера на четиринаесет години и не го напушти модниот трон повеќе од триесет години, враќајќи се одново и одново за да биде лице на некои од најзначајните брендови. Мос ретко дава интервјуа, па кога ќе го направи тоа, комплетно го привлекува нашето внимание, како што е случајот деновиве, по повод своето последно интервју за „Вог“.

Мос, која со години имавме можност да ја видиме во разни изданија, го опишува нејзиниот стил како еклектичен, а она што ја дефинира модерната жена во 2020 година е нејзината самодоверба, а токму тој квалитет на отворен ум е тој кој го одредува современиот гламур. Мос посочи дека научила да го надмине себесомневањето: „Мислам дека треба само да ги слушате вашите инстинкти. Верувајте на вашите инстинкти “.

Но, што вели Кејт Мос кога станува збор за избор на комбинација на облека, кое е нејзиното златно правило?

„Јас немам правила кога станува збор за облекувањето, но дефинитивно размислувам за тоа како изгледам и се обидувам да замислам лик кој би се нашол на тоа место и што би носел“. Нејзиниот стил само отелотворува неостварлив идеал – да изгледа фантастично, а сепак да личи како да не се потрудила воопшто – таа знае како да искомбинира класика и оригиналност, а токму тоа е она што го одделува некој од публиката. На прашањето како изгледаат нејзините „go-to“ чевли, таа рече: „Ох. Сандали со ременчиња се моите чевли за соништа. Ако можев, секој ден ќе ги носав “.

На прашањето со кого би се заменила на еден ден ако може, Мос рече дека би сакала да биде Џинџер Роџерс: „Би сакала да можам да танцувам така“. А, на прашањето кои се нејзините модни икони, Мос рече: „Имам многу икони, но Анита Паленберг и Сузи Кејв се најгламурозните жени што ги познавам“. Мос практично пораснала меѓу гламурозната популација на овој свет и ги виде сите аспекти на тој блескав и слоевит универзум, а таа вели дека највредното нешто што го научила во нејзината кариера е соработката со целиот тим. Како ветеран во светот на модата, Мос ги следи многу промените што се случија во текот на децениите и вели дека „модната индустрија е целосно променета… социјалните мрежи сменија се за индустријата“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *