Меланија носи “стејтмент” потпетици како главен стилски адут

29 април, 20200
melania-trumps-shoes-christian-louboutin-z

Меланија Трамп знае да одбере, во нејзиниот гардеробер се наоѓаат претежно потпетици со потписот на Christian Louboutin и Manolо Blahnik. Елегантни и високи, таа чевлите ги комбинира на повеќе начини: во склад со бојата на облеката, или како контраст, со цел да се истакнат повеќе.

Салонките со месо боја се едни од основните парчиња на службена гардероба, а Меланија ги комбинира со фустани во различни нијанси.

Понекогаш складот е неминовен, како на пример темно сините потпетици со мантил од истата нијанса.

Морнарската комбинација дава елеганција, во склад со сини и бели тонови. Салонките овој пат одговараат со бојата на шеширот и ременот.

Во орманот на Меланија главно место имаат класичните модели, како што се белите салонки кои се одличен детаљ за комбинација со неутрални тонови, како ова “молив” здолниште на пример.

Белата комбинација на облека Меланија ја зачинува со наменски салонки за да ја разбие монотонијата на силуетата.

Ако не се шарени, салонките за бел фустан нека бидат златни, смета елегантната Меланија. Но, деталите се складни, салонките и ременот се во слична нијанса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi