Минимализмот е новиот летен тренд! Заборавете на бохо-стилот и јаките бои!

24 јули, 2020
boho

Летото обично се поврзува со бохо-стилот: макси-фустани или шорцеви, сламени шешири или турбани, слоевити алки и ѓердани…

Ова лето се случи пресврт! Трендсетерките го променија летниот колорит и преминаа во сите нијанси на беж, а притоа се ослободија и од сите вишок детали, но и дезени. Летот одеднаш доби ново руво: минимализам.

View this post on Instagram

Blinded by the light 🎵

A post shared by Mirjam Flatau (@mija_mija) on

Елементите не се комплицирани, но се апсолутно промислени. Се стекнува впечаток дека апсолутно секое парче од плакарот оди едно со друго, а нашите омилени трендесетерки изгледаат како да се слободни и како да уживаат во животот, наместо со часови да си ја трескаат главата пред огледало.

View this post on Instagram

First time wearing a suit – in what feels like ages 🛎

A post shared by Jeanette (@_jeanettemadsen_) on

Па, за каква гардероба се работи? Палетата е неутрална. Силуетата е или предимензионирана или тесна (најмногу поради ребрестите ткаенини кои се неизоставни). Материјалот е природен, дополнителен плус е ако е рециклиран или од органско потекло. Ленот го држи почесното високо место, како и пуплинот, бидејќи без белите кошули овој концепт не постои, а исто така и свилата.

Струкот е висок, фармерките секогаш се светли. Сите костими за капење паѓаат во сенката на еднобојните црни модел од еден или два дела, а заеднички им се ретро-линиите и високите изрези (асиметријата исто така високо котира).

Обувките главно се рамни, бидејќи ниту една од овие жени нема да се најде во ситуација да му робува на еден пар чевли – или на ниска потпетица. А тука се и златните акценти, од кои највпечатлив е златниот синџир.

View this post on Instagram

The virtue of patience…

A post shared by Loulou De Saison – Chloé (@louloudesaison) on

Доколку сте подготвени за позрела и посвежа варијанта на летото – таа конечно пристигна. А ние ви носиме неколку модни комбинации како инспирација…

View this post on Instagram

That much needed shot of vitD

A post shared by Débora Rosa (@deborabrosa) on

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi