Модна инспирација: Емили Ратајковски демонстрира како се носи здолниште со “пенсил” крој без грешка!

12 мај, 2020
Capture

Манекенката ни даде одлична идеја за нареден стајлинг.

“Пенсил” здолништата никогаш не излегуваат од мода, и благодарение на начинот на кој се кроени, тие ја следат линијата на телото и ги потенцираат облините на вистински начин. Добрата работа на ова безвременско парче е тоа што може да се комбинира со сè, лесно ќе се вклопи во стајлинг за работа, но исто така ќе изгледа одлично во комбинација со патики, за прошетка низ градот.

Ова е едно од оние парчиња за кое вреди да се инвестира и да се има во вашата гардероба во неколку бои. Манекенката Емили Ратајковски демонстрира како се носи истото без грешки.

Монохроматскиот стил, како и белата боја се на врвот на модната листа.Емили за овој стајлинг избра бело “пенсил” здолниште и кратка маица што го открива нејзиниот совршено обликуван стомак.

Сандалите и кафената торба се одличен додаток на модната приказна. Доколку не сакате да го потенцирате стомакот, оваа комбинација би изгледала слично и со обична бела маичка со кратки ракави. Дали сте фан на ваквите здолништа и дали се согласувате со модните експерти дека оваа комбинација заслужува чиста десетка.