Модните заповеди на Ана Винтур: секоја жена треба да ги почитува овие правила!

6 мај, 2020
ана 2

Таа со години ги почитува овие модни правила и никогаш нема направено модна грешка. На нејзиниот стил се воодушевуваат жени од целиот свет, а тој се темели врз следниве начела:

1. Наместо трендови бирајте класика

Секогаш е подобро да инвестирате во класични модели кои никогаш нема да излезат од мода, отколку да фрлате огромни пари на актуелни трендови кои ќе исчезнат за два месеци.

2. Останете им верни на обувките и облеката кои ви прилегаат

Ова правило важи особено за облеката.

3. Избегнувајте флуоресцентни бои

Таа сака шарена облека, но никогаш нема да ја видите во флуоресцентни бои. За неа тие се одраз на лош и евтин стил.

4. Избегнувајте логоа и натписи на облеката

Жена која има добар стил никогаш нема да си дозволи да носи гардероба на која е истакнат натписот на некој бренд.

5. Бирајте облека која е во склад со вашата фигура

Извлечете го најдоброто од облеката која ја купувате и внимавајте кројот кој сте го одбрале да ги истакне атрибутите на вашата линија.

6. Избегнувајте вештачки материјали

Освен што лошо изгледаат, тие се лоши и за кожата. Винтур советува никогаш да не инвестирате во материјали како што е најлонот и секогаш предност да им давате на природните материјали како што се свилата, памукот и волната.