На пазарот излезе БИЗАРЕН костим за капење, изгледа како влакнести машки гради! (ВИДЕО)

7 ноември, 2020
kostim

Компанијата „Beloved Shirts“ претстави нов костим за капење кој сигурно ќе привлече внимание на плажа следната сезона и ќе шокира многумина.


Тие на својот Инстаграм профил објавија изглед на костим за капење што го рекламираат како „костим со се*си гради“, но ‘се*си’ е веројатно последното нешто што ви паѓа на ум кога ќе го видите овој костим за капење.

Костимот за капење е направен да изгледа како влакнести машки гради од предната страна, додека задниот дел изгледа како влакнест грб.

Оваа објава ги занеме сите, но и насмеа многумина.
Една од нив е мајката која го доби овој костим и реши да го проба пред нејзините деца кои зачудено ја гледаа.

Овој костим доаѓа и во разни бои, па можете да најдете таков што одговара на вашата кожа, но за да си го дозволите овој костим за капење, ќе мора да одвоите околу 40 евра за него.