Не и е потребно деколте ниту гол грб: Меланија Трамп донесе доза на сексапил во Белата куќа со феноменална комбинација

1 јуни, 20200
melanija

Првата дама на Америка нема проблем да носи интересни и секси парчиња.

За обична средба во Овалната просторија на Белата куќа, каде и се придружи нејзиниот сопруг Доналд Трамп, Меланија носеше секси чевли во светло црвена боја на висока пета што ги комбинираше со тесни панталони и јакна.

Меланија Трамп знае како да комбинира бои што сака да ги носи во разни прилики, а овој пат избра јаки бои за нејзиниот деловен стајлинг. Имено, таа носеше сиви панталони што ги комбинираше со јакна и блуза во корална црвена боја, а на нозете носеше салонки со слична нијанса.

Поранешната манекенка не се откажува од нејзиниот омилен модел на чевли, кои се дело на Маноло Бланик и Кристијан Лабутан. Ова не е прв пат таа да да се облече во црвена варијанта на облека. Пред само неколку дена, таа се појави на друга официјална средба, но наместо панталони носеше тесно црно здолниште со средна должина.

Првата дама на Америка не може да одолее на дизајнерските парчиња, па овој пат потрошила дури 695 долари на пар чевли од дизајнерот Кристијан Лабутан. Овој модел на чевли често го носи на сите официјални средби, па така и овој пат, изборот на моделот Кејт го крена целиот стајлинг на повисоко ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi