Нежна и шик: Каква боја носат Французинките ова лето?

21 јули, 2020
leto

Ова лето Французинките се инспирирани од бојата на сонцето …Лето, сонце – топли денови и убаво време ни нудат совршена можност да ја опремиме нашата гардероба со лелеави фустани, здолништа и нежни маици или блузи. Се разбира, можеме да експериментираме со бои повеќе од вообичаено.

За да добиеме инспирација за боја, оваа година ќе погледнеме кон Франција. Имено, француските жени претпочитаат сосема необична нијанса ова лето… Ова лето, француските жени се инспирирани од бојата на сонцето, односно носат парчиња облека во нежен жолт тон.

Жолтата боја носи пријатна свежина на нашиот изглед, дури и кога некои денови се облачни или дождливи.