Овие удобни пантолони ќе сака да ги поседува секоја жена!
15 јуни, 20200
Ако барате панталони со чие носење нема да жртвувате удобност или стил, со задоволство ќе чуете дека тие ќе доминираат на модната сцена ова лето. Оваа сезона, широките пантолони со многу џебови го достигнуваат својот врв и ќе ги видиме многу често на улиците. Моделот ги освои сите жени заради неговата удобност, но и поради фактот дека не постои структура на телото што не одговара совршено.