Парис Хилтон на косата носи детал кој не сте го виделе никогаш, девојките ширум светот „полудеа“ по него

1 октомври, 2020
paris-hilton-1-830x0

Богатата наследничка Парис Хилтон ( 39) и нејзиното момче Картер Реум (39) се сретнаа на црвениот тепих во јануари годинава на забавите по „In The Style“ и „Warner Bros. Golden Globe“ и сега велат дека ја слават годишнината.

Имено, Парис објави заедничка фотографија на Инстаграм на која ја обои косата во сина боја, на кое беше напишано нејзиното име Парис , како и фотографија од торта на која беше испишано „P likes C“.

Богатата наследничка му оддаде почит на својот човек и се нарече „најсреќната девојка на светот“, па додаде дека тој е „најневообичаената личност“.

– Среќна годишнина до мојата љубов! Се чувствувам како најсреќната девојка на светот затоа што те имам тебе. Ми го отвори срцето на начин на кој не знаев дека постои – започна таа.

Никогаш нема да го заборавам нашиот прв бакнеж. Кога сме заедно, се чувствувам како да сме во нашиот сопствен свет и сè исчезнува околу нас и тоа сме само јас и ти – вели Парис.

– Ти си сè за што сонував и си совршен за мене во секој поглед. Ми покажа што е вистинска љубов, тиси делот што недостасуваше од сложувалката – додаде таа.

Двојката ја прослави својата годишнина со огромна персонализирана торта со иницијалите Парис и Картер, со срце во средина.

escort - Korsan taksi