Пижамата на Викторија Бекам која ќе сакате да ја носите и надвор од домот
Пижами од Викторија Бекам од кои нема да сакате да излезете
Модата оваа година, како и многу други работи околу нас, мораше да се прилагоди на новата ситуација во која живееме. Наместо луксузни гламурозни тоалети, многу брендови ги свртеа своите линии во лежерен стил.
Ова не го избегна дизајнерката Викторија Бекам, која никогаш не сме ја виделе во спортски модели, која нè научи колкава моќ има „малиот црн фустан“ додека беше во Спајс Грлс и чии колекции се состојат од парчиња што мора да ги има секоја гардероба. Сепак, Викторија најде начин да дизајнира гардероба за своите обожаватели што тие можат да ја носат во удобноста на сопствениот дом.
Покрај фармерките, кои ги презентираше за време на овогодинешната Модна недела и соработката со Рибок, каде потпишува модел на хеланки, на ред дојдоа и убавите пижами.
Пижамите Викторија Бекам се изработени од лесен памук со темно сини и кремасти ленти, а исто така нудат палто, маска за очи и патна торба со истиот дизајн. Секое парче има везено лого на марката VB, додека палтото може да се нарача и со персонализирани иницијали