Строги модни правила на Британското кралско семејство-Меган Маркл ги прекрши сите!

17 мај, 2020
megan markl

Меган Маркл не се грижеше многу за строгите правила.

Правилата налагаат дека сите членови на женскиот пол треба придржуваат кон овие упатства за убавина. Во кралското семејство се применуваат строги правила, а единствениот кој досега го прекршил секој од нив е Меган Маркл.

Се чини дека таа не успеа да се вклопи во строгите правила кои ги наметнува ова семејство, па реши да ја напушти Британија со сопругот и да бара среќа во Холивуд.

ПРАВИЛА:

1.Лакирање на ноктите

Кога станува збор за маникир, боите што ќе се земат предвид се оние со неутрални тонови.

2. Шминка

Слични правила се применуваат кога станува збор за шминка. Се очекува да се носат лесна шминка, неутрални тонови. Ништо поекстремно од ајлајнерот не е пожелно. Никогаш членовите на кралското семејство нема да ги видите како носат вештачки трепки, како и впечатливи нијанси на кармин.

Ова правило го почитуваа сите освен Меган Маркл. По средбата со кралицата Елизабета, каде што носеше сјај од поизразена боја, на социјалните мрежи се водеше цела дискусија на таа тема.

3. Фризура

Кога станува збор за косата,дозволена е малку поголема слобода. Дозволени се сите фризури, освен целосно права коса, а пунџите се препорачуваат да се носат. Тие ретко носат нешто друго освен капа, кога станува збор за додатоци.

4.Ускладено облекување

Кога присуствувате на јавни собири, стајлингот е многу важен. Ништо што е кратко и премногу раскошно не доаѓа во предвид. Се води голема грижа да се задржи целото семејство во слични тонови, така што скоро секогаш ќе ги гледате Кејт, Вилијам и нивните деца во ускладени стајлинзи.

5. Модни додатоци

Елегантните мали торби се единствените што жените во ова семејство можат да ги носат. Истите правила важат и за накитот, треба да биде едноставен.

6. Обувки

Премногу високи потпетици се сметаат како одраз на лош стил во кралското семејство.

7. Фармерки

При вршењето на службени должности, не смеат да се носат фармерки или панталони.