Уште еден одличен стајлинг: Ирина Шајк објасни како изгледа ДОБРО стилизирана жена! (ФОТО)

27 октомври, 2020
ирина шајка

Дефинитивно ќе сакате да го ископирате овој стајлинг

Што и да облече, станува тренд. Овој пат, Ирина Шајк (34) ни даде одлична идеја за совршен есенски стајлинг, кој ќе не загрее, но во кој исто така ќе изгледаме апсолутно шик.

Иако многумина не ја сакаат комбинацијата на црна и темносина, таа ни покажа дека тоа може да изгледа одлично.

Ирина не одолеа на трендот на моторџиски чизми, па во последно време можеме да ја видиме исклучиво со такви модели.

Комбинирање на женски парчиња како овој џемпер со бисери и бунтовен стил е одлична идеја која секогаш изгледа интересно и привлекува внимание.

Во последно време, Ирина прави одлични модни избори. Дали ви се допаѓа и оваа облека?