Женственоста и елеганцијата се враќаат на големата врата: Овие фустани ќе бидат ХИТ на летото!

6 мај, 20200
fustani

Плетени фустани

Дизајнерите ги вратија плетените облеки во мода, од crop-top,  здолништа до секојдневни фустани. Овие секојдневни и удобни фустани во стилот на хипи стил кои можат лесно да се комбинираат со сандали или патики, се ефективни и се носат во разни пригоди.

Без разлика дали ќе се одлучите за мини, макси или варијанта за на плажа варијанта – нема да згрешите, затоа што убаво ќе ја истакне вашата фигура, и ќе се чувствувате пријатно, удобно и секси.

Фустани со точки

Точките се апсолутен хит оваа сезона – дизајнерите ги предвидуваа на сите облеки, вклучувајќи ги и фустаните. Без разлика дали се мини, миди или макси, можете да комбинирате со еспадрили, бели патики или едноставни рамни сандали.

Што се однесува до бојата – постои неизбежна варијанта на црно-бела боја, но и многу ретро црвена, окер, тегет и други класични бои.

Романтични фустани

Романтиката оваа сезона се врати на големата врата- најмногу кај фустаните. Во мода е чипка, бел вез и сите нежни материјали. Што се однесува до боите и дезенот, тие се ненаметливи и умерени, а боите се претежно пастелни и природни нијанси на земјени бои.

Што се однесува до должината, романтичните фустани се претежно макси и миди должина, а најдобро е да ги комбинирате со поедноставен аксесоар и чевли, бидејќи тие сами по себе се парче кое дава најсилен впечаток. Тие се лесни, удобни и се лелеави – и многу женствени!

Свилени фустани

Свилени фустани со едноставни, без никакви детали и монохроматски се апсолутен хит оваа сезона.

Vintage фустани

Стилот од „плакарот на баба“ е популарен и оваа сезона. Елеганцијата на шеесеттите и седумдесеттите години, со малку детално ажурирање, се претвори во прекрасни фустани што ќе ги обожавате цело лето.

Тие се елегантни, удобни, специфични и имаат старомоден шмек. Можете да ги комбинирате со едноставни патики, плетени шешири, но и со сако во некоја поформална пригода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi