Модни икони од малите екрани: го променија текот на модата, а нивните ликови ги обожаваме со децении!

20 мај, 20200
ikoni

Ова се актерките кои со своите ликови во славните телевизиски серии ја размрдаа модната индустрија.

1. Алексис Карингтон (Dynasty, 1981)

Што повеќе рамени потполнки, тоа подобро. Што повеќе шешири, тоа подобро. Но и дијаманти и крзна. Алексис беше злобната во серијата Династоја, а својот стил во серијата изврши големо влијание врз модата од осумдесеттите години.

2. Кели Тејлор (Beverli Hils 90201, 1990)

Таа е вистинска верзија на блондинката од Беверли Хилс. Со својот стил воодушевуваше од сезона во сезона. Кели направи размрдување во модна смисла- мартинки со бели чорапи, фустанчиња на прерамки со бела маица одоздола, како и елегантни фустани. Кели беше вистинска модна икона од малите екрани во почетокот на деведесеттите години.

3. Аманда Вудворд( Melrose Place, 1992)

Ја гледавме и во Dynasty, но нејзината слава го достигна врвот кога во 1992 година се појави во серијата Melrose Place. Заради неа гледаноста скокнала, а таа во улогата на злобна блондинка ни надмина сите нејзини претходнички. Едноставните одела и мини здолништата одлично и стоеја, а сите лудувавме по нејзината фризура.

4. Анџела Чејс ( My so called life, 1994)

Иако на прв поглед не би рекле дека е модерен, Гранџ стилот ја одбележа првата половина на деведесеттите години. Скинати фармерки, карирани кошули секогаш ќе бидат во мода.

5. Рејчел Грин (Frends, 1994)

Неизбежно е да се спомене ѕвездата од најпознатиот ситком на светот и неговата главна модна хероина- Рејчел Грин, која маестрално ја одигра Џенифер Анистон. Нејзиниот стил од слатка девојка во карирани мини здолништа до минималистичкиот стајлинг е инспирација и до денес. За нејзините фризури во серијата не треба да зборуваме- се е кажано.

6. Кери Бредшо (Sex & the City, 1998)

Без разлика дали сте фан на популарната серија или не, сигурни сме дека не останал незабележан модниот бум кој оваа серија го направи кон крајот на деведесеттите години. Сите четири хероини имаа многу јасен моден израз, но првото место го има Кери Бредшо. Понекогаш и невозможните комбинации Кери, т.е. Сара Џесика Паркер успеа да ги износи баш како што треба. Не можевме да им се изнагледаме на нејзините аутфити, а не можеме ниту денес. Вистина е дека модата по оваа серија не беше иста.

7. Серена Ван Дер Вудсен (Gossip Girl, 2007)

Иако не може да се спореди со модата во Sex and the City, Серена Ван Дер Вудсен која ја играше Блејк Лајвли беше модна икона. Кратките здолништа и фустани, бохо стил, но и долгата коса и ја донесоа славата на младата актерка.

8. Џесика Пирсон (Suits, 2011)

Серијата стана неверојатно популарна откако се дозна дека една од актерките е во врска со Принцот Хари- се работи за Меган Маркл. Но овде не станува збор за Меган, туку за модата во адвокатскиот свет. Со оглед на тоа дека името на серијата е Suits (Одела), се подразбира дека оделата се главниот аутфит. А оделата во оваа серија се претежно со потпис на Том Форд. Жената која се разликуваше од сите останати во оваа серија е Џесика Пирсон- сопственичка на адвокатска канцеларија која со својот стил воодушевуваше од сезона во сезона. Сите би сакале да се облекуваме како неа за на работа.

9. Клер Андервуд (House of Cards, 2013)

Клер Андервуд која маестрално ја одигра Робин Рајт донесе некоја нова доза на перфекција на малите екрани. Таа ја игра сопругата на потпретседателот, а подоцна и претседател на Америка. Оделата и фустаните се со потпис на Зак Позен, Акрис, Ловрен Скор, Келвин Клајн и Армани, а на неа изгледаа совршено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *