Моника Белучи се води по четири златни правила!

30 октомври, 2020
моника наслов

Моника Белучи (56) со децении е на врвот на листата на најубави жени во светот. Вели дека не би се вратила во дваесетите за ништо на светот, а кога станува збор за изгледот – не ги крие правилата на кои се придржува.

Моника Белучи тврди дека сега ги живее најубавите години од својот живот, и изгледа спектакуларно. Секако, може да им се заблагодари на добрите гени за тоа, но познатата актерка има и неколку правила според кои ја задржува својата убавина. И тие изгледаат прилично едноставни.

Не ја мие косата секој ден

Моника ја мие косата не повеќе од двапати неделно, а наместо скапи маски за нега на коса, таа користи едноставно маслиново масло.


Таа не држи строга диета

Актерката смета дека никогаш не треба да ја ограничуваме различноста на храната што ја јадеме. Сепак, таа вели дека ако треба да изгубите неколку килограми, треба да ги намалите порциите и да јадете повеќе месо, риба и зеленчук.

Вежби за ум и тело

„Вежбајте јога и пливајте“, стои во планот за фитнес на Моника Белучи. Овие вежби одржуваат одлична форма на телото без напорен тренинг.

Чистење на лицето

Пред спиење, темелно исчистете ја кожата на лицето, без оглед колку е тоа поспана.

escort - Korsan taksi