Може да биде ОТРОВНО: Ако го јадете овој зеленчук, ни случајно не го подготвувајте на ОВОЈ начин!

11 септември, 2020
chard-6167111920-830x0

Внимание!

Многумина од нас имаат навика да подготвуваат храна, а потоа да ја загреваат во рерна или микробранова печка доколку е потребно. Но, што ако ви кажат дека загревањето одреден вид храна може да биде токсично?

Спанаќот е вид на лиснат зелен зеленчук што децата често не сакаат да го јадат, но некаде на пат кон зрелоста, сфаќаме дека е изненадувачки вкусен.

Спанаќот може да се најде на различни пазари и продавници во неколку различни форми, од свеж до замрзнат, обично во брикети, како и во форма на претходно подготвена салата.

Спанаќот и другиот лиснат зеленчук содржат високи концентрации на нитрат. Количината зависи од сортата, сезоната и условите на почвата и водата на кои се одгледува зеленчукот.

Самиот нитрат е целосно безопасен, но може да се претвори во нитрити, а потоа и во нитрозамини, за кои се знае дека се канцерогени. Ензимите присутни во бактериите го претвораат нитратот во нитрит.

Ова е особено точно кога спанаќот се загрева, чува, а потоа повторно се загрева. Нитритот сам по себе е безопасно соединение, но треба да се избегнува кај мали бебиња до шест месеци.

Некои нутриционисти велат дека нитритите можат да доведат до метемоглобинемија – тоа влијае на способноста на крвта да пренесува кислород преку трансформација на хемоглобин, протеин кој носи кислород во крвта, во метемоглобин, форма на протеин кој не е во состојба да носи кислород. Ова може да биде опасно за мали деца и да доведе до состојба позната како „синдром на сино бебе“, пишува Индипендент.

Сепак, поради фактот што киселите состојби поттикнуваат претворање на нитрати во нитрити, заедно со фактот дека скоро целата храна содржи одреден процент на протеини и е изложена на желудочна киселина, производството на нитрозамини не може целосно да се спречи. Оттука и препораката да се избегне загревање на спанаќот.

Ако не можете да ја изедете целата количина спанаќ и сакате да го зачувате за следниот ден, проверете дали го ладите брзо и чувајте го на температура под 5 Целзиусови степени за да спречите формирање на нитрит.

Јадете многу храна богата со антиоксиданти за да спречите претворање на нитрити во нитрозамини.

Би било добро да изберете овошје и зеленчук во темна боја. Може да купите и органски спанаќ за да избегнете ѓубрива и пестициди кои спанаќот ги апсорбира.

escort - Korsan taksi