На која храна помислувате кога сакате да бидете романтични? Можеби чоколадо, шампањ или јагоди? Откријте ги тајните на секси храната…

28 август, 2020
seksi-hrana-825x510

Може ли сексипилната храна навистина да ви го промени животот?

Честопати имаме различни идеи за видовите на храна што треба да нè направат посакувани. Но, дали храната навистина може да го подобри вашиот сексуален живот, да го промени расположението и да ја зголеми плодноста?

Кога Хипократ рекол:

„Нека храната е вашиот лек, а лекот, вашата храна“

Постојат различни студии кои укажуваат на тоа дека одредени видови на храна ја менуваат структурата и хемиските процеси во мозокот, влијаат врз расположението и сексуалните перформанси. Сите знаеме дека чоколадото има добар ефект врз расположението и ја намалува тензијата. Откријте која друга храна е на списокот на секси храна.

Откријте ги 4 тајни на секси храната

1. Тајна на секси храна – Како да се зголеми машката плодност

Зголемениот внес на витамини Ц и Д го отстранува оштетувањето на сперматозоидите и го подобрува квалитетот на ДНК на спермата, а внесот на антиоксиданти (витамин Ц), цинк, селен го зголемува движењето на сперматозоидите.

Зголемете ја плодноста и пробајте здрави пијалаци.

  Смути со витамин Ц (рецепт за две лица):

Состојки:

2 излупени киви

2 чаши свежо исечкан кељ

2 излупени портокали

1 чаша исечкан ананас

1 чаша кокосово млеко

1 чаша искршени коцки лед

Состојките ставете ги во блендер додека не се соединат.

Список на секси намирници кои ја зголемуваат потенцијата на мажот

  • Печурки шиитаки – богати со витамин Д, 100g содржи 24% од дневниот внес на витамин Д.
  • Бразилски ореви – ги зголемува природните нивоа на тестостерон, богати се со селен што ја подобрува подвижноста на спермата.
  • Остриги – содржат аминокиселини и цинк и го подобруваат лачењето на половите хормони.
  • Лубеница – содржи супстанции кои ја стимулираат циркулацијата на крвта.
  • Мака корен – природно го зголемува нивото на тестостерон и издржливоста.
  • Кромид – ја подобрува работата на репродуктивните органи и го зголемува нивото на тестостерон и либидо кај мажите и жените.
  • Лук – содржи алицин со што се зголемува телесната температура и нивото на тестостерон. Добро е за сексуална издржливост.
  • Бобинки од Гоџи – се користат како сексуален тоник во азиските земји, бидејќи го зголемуваат нивото на тестостерон.

2. Тајна на секси храната – Може ли да ве возбуди мирисот на храната?

Во различни фази од животот, можеме да доживееме ниско либидо. Во такви ситуации, сетилните искуства можат да ги подобрат перформансите и да резултираат во поголемо сексуално задоволство.

Една неодамнешна студија покажа дека сеќавањето на мирисот и чувството на пријатни емоции кои ги предизвикува одредена храна го зголемува протокот на крв во пенисот.

Значи, следниот пат кога ќе бидете во кревет и ќе се подготвите за акција, пробајте ја следната храна за да ги стимулирате сетилата на вашиот маж.

Храна која ја зголемува возбудата кај мажите:

  • Ванила
  • Пита од јаболки
  • Печено месо
  • Лаванда
  • Пита од тиква

Храна која ја зголемува возбудата кај жените:

  • Краставица
  • Лаванда
  • Ванила

3. Тајна на секси храна – Дали афродизијакот ја зголемува сексуалната желба?

Дали е до храната или зависи од вашиот партнер? Научно е докажано дека храната нема никаков ефект врз растот на похотта или сексуалната желба. Сите физички реакции се резултат на размена на физички и ментални емоции меѓу партнерите. Но, кој вели дека храната не може да биде забавна.

4. Тајна на секси храна – Дали храната може да го трансформира расположението и да ја намали предменструалната непријатност

Храната позитивно влијае на расположението. Исхраната која вклучува млечни производи со малку маснотии и сина риба која е богата со витамин Д доведува до 50% намалување на симптомите на ПМС. Ако сакате да го намалите ефектот на ПМС на вашата партнерка и да ги намалите нејзините нервни сломови во тој период од месецот, посегнете по следната храна.

Секси храна која го крева расположението и го смирува ПМС-от:

  • Безмасно млеко
  • Тврдо сирење
  • Јогурт
  • Лосос
  • Јајца
  • Риба (пастрмка, шаран, скуша, сардина)
escort - Korsan taksi