Најчестата грешка која ја прават граѓаните на Македонија кога носат маска: Ако и вие го правите ова, тогаш сè е залудно!

27 октомври, 2020
panorama-beograd-novi-beograd13-830x0-830x0

Колку пати е дозволено да се носи една иста маска?

Бидејќи маските сега се составен дел од секојдневниот живот, но и затоа што е неопходно да се издвојат финансиски средства за нив, многумина во Македонија, на некој начин, ги штедат. Иако вообичаената заштитна маска треба да се менува по секое носење, ние претпочитаме да ја ставаме настрана и да ја користиме понекогаш по цел ден, но и неколку дена.

Сепак, дали е тоа навистина исправно?

– Носењето маска за еднократна употреба, како хируршката што веќе сте ја носеле, е подобро отколку да не ја носите воопшто – истакнува докторите, автори на американскиот семеен водич за Ковид.

Сепак, посочуваат дека хируршките маски можат брзо да се извалкаат од само едно носење и не можат да се исчистат правилно, како што се платнените маски што секогаш може да се исперат.

Докторите се согласуваат дека користењето маска е секогаш подобра опција отколку воопшто да не се носи, но исто така дадоа неколку совети ако не сте во можност да ја замените по едно носење.

Прво, обрнете внимание на тоа која страна од маската оди од внатре, а која надвор. Страната свртена кон надворешноста е веројатно контаминирана, па затоа не сакате да се прошири на вашето лице.

Исто така, маската треба да ја држите само за гумените ленти што ви одат околу ушите. После тоа, обавезно измијте ги рацете. Најлошото нешто што можете да направите е да ја допрете прво однадвор, а потоа одвнатре на оној дел кој оди близу до устата.

Во исто време, внимавајте каде ја чувате маската за времето кое не ја носите. Внатрешноста што оди до устата не треба да се наоѓа на потенцијално контаминирани површини, па затоа е препорачливо да ја ставите во ќесе.

Ако, пак, носите епидемиолошка маска со рок на траење од 48 часа, за неа важат истите правила, а експертите советуваат покрај тоа што ќе ја чувате во ќесе, по секое носење да ја дезинфицирате со алкохол.

И, ако сте во дилема која маска е најдобро да ја носите, погледнете го нашиот водич.