Најчести причини за сува вагина за време на секс и како да се навлажни

26 август, 2020
вагина

Исто како што мажите понекогаш не можат да постигнат ерекција, жените можат да бидат суви или недоволно влажни за време на сексот. Постојат навистина многу причини за ова, и ниту една од овие причини не треба да биде причина за срам.

Исто така, не чувствувајте непријатност и  ако мора да користите лубрикант. Ова е сосема нормална работа, само осигурете се дека лубрикантите што ги користите се базирани на вода, бидејќи маслото за подмачкување може да оштети кондом, а силиконот во него содржи синтетички материи.

Природна состојба на сувост

Причината за сувоста не мора да биде поврзана со здравјето или расположението, многу луѓе не знаат дека некои жени по природа се помалку влажни од другите. Ако сте потполно здрави и ако се чувствувате возбудени, причината најверојатно лежи во вашата природа. Во тој случај, не грижете се и користете лубрикант базиран на вода.

Предигра и желбата за секс

Од друга страна, сексуалната незаинтересираност или недоволно долгата предигра се исто така причини за сувост на вагината. Бидете отворени за партнерот, изразете ги желбите кон него и зачинете го заедно сексуалниот живот.

Физичко и ментално здравје

Здравствените и менталните состојби можат да бидат причини за сувост. Стресот и депресијата ќе влијаат на вашиот сексуален живот, а антидепресивите и другите лекови за ментални заболувања можат да доведат до недостаток на сексуална желба и намалување на либидото. Сувоста на вагината, исто така, може да влијае на антихистаминици (лекови за алергија) и апчиња за контрацепција. Меѓу другото, постојат периоди на доење, менопауза и габични инфекции.

Ако сте здрави и не спаѓате во групата жени чие тело и хормони се менуваат, експертите препорачуваат намалување на стресот, отворено да зборувате за секс и сексуални желби со партнерот и, се разбира, лубрикант.