Најдобрите дрвени сандали

23 април, 2020
sandals

Еден ден, ќе носиме вистински чевли повторно. Кога ќе дојде тоа време, ќе сакаме да носиме дрвени сандали: изненадувачки удобни и неверојатно шик, тие се најновата летна опсесија. Од класични и со пријателска цена како оние на Dr. Scholl’s , до ултра модерните и скапи на Margiela, ајде да се освежиме со неколку предлог модели

Roger Vivier

Иако изгледаат многу едноставно, овие дрвени налани на Roger Vivier со животински принт се доста “соленки” и за нив треба да издвоите нешто повеќе од 1000 долари

Fabrizio Viti

Со цветен, пролетен дезен и едноставна линија, сандалите на Fabrizio Viti во моментов се на попуст-чинат 350 долари.

Maison Margiela

Елегантна и луксузна линија, достапни само во кафена боја, сандалите на Margiela чинат 695 долари

Miu Miu

Разиграни и весели, дрвените сандалки на Miu Miu чинат “скромни” 500 долари.

Dr. Scholl’s

Како од времето на баба, за овие едноставни, но удобни сандали на Dr. Scholl’s не мора да потрошите цело богатство- само 100 долари.

По завршување на пандемијата сите ќе заслужиме да си ја разгалиме душата со материјални награди.

Па, нека не ви биде жал да потрошите повеќе пари за овие дрвени обувки.

Еднаш се живее, нели?