Најголемите прељубници: Ја изневери сопругата со илјада различни жени…

8 ноември, 2020
п1

Jerери Хол тврди дека нејзиниот поранешен сопруг Мик Џегер бил сексуален предатор, а пејачката Шер открила дека сака да се убие додека била мажена за Сони Бон, откако дознала дека тој ја изневерувал.


Во светот на познатите и славните, неверставата, разводите и бројните партнери се дел од секојдневниот живот. Но, некои ѕвезди сепак успеаја да ја шокираат јавноста скокајќи во кревет од еден на друг. И се тоа додека биле во „среќни бракови“.


Френк Синатра и Ава Гарднер
На забава во Палм Спрингс, Калифорнија, Френк и Ава водеа љубов за прв пат, а актерката рече дека тие потоа станале ‘вечни љубовници’. Често се гледаа и не ја криеја својата врска.

Една вечер кога возевме автомобил, Синатра ме убеди да пукам со пиштол низ прозорецот. Го уништив уличното осветлувањето и излозите – изјави Гарднер за инцидентот успеа да го покрие плаќајќи 20 илјади долари.
Во брак со Френк, актерката имаше два абортуси. За првиот му преќуте, а кога се случи вториот тогаш му призна, музичарот збесна. Таа му рече дека не сака нивното дете да расте во такво опкружување.

Синатра беше скршен и финансиски нестабилен некое време, но се опорави кон крајот на бракот со Ава. Тогаш почнаа да кружат гласини дека тој има љубовница. Кога го слушна ова актерката му се јави и го праша ‘Сакаш ли да се натпреваруваш?’

Мик Џегер и Џери Хол
Манекенката и поранешна сопруга на Мик Џегер (76), Џери Хол (63) вели дека нејзиниот поранешен партнер бил „сексуален предатор“. Наводно, Мик станал зависен од секс по нивното раскинување.

Иако го сакав и се заколнав на вечна љубов, се чувствував несигурна со него. Успеав да го откачам од дрогата, но тој ја замени таа зависност со сексуална – рече поранешната манекенка.

Двојката се запозна во 1977 година, додека Мик сè уште беше во брак со актерката Бјанка Де Мацијас. Двојката се венчаше во 1990 година и се разведе во 1999 година. Од седумте деца, Мик доби четири со Џери – синовите Џејмс (34) и Габриел (22) и ќерките Џорџија (28) и Елизабет (35).


Ричард Бартон и Елизабет Тејлор
Ричард и Елизабета важеа за еден од најстрасните парови. Нивната романса започна во 1963 година на снимањето на филмот „Клеопатра“. Иако во тоа време и двајцата беа во брак, Тејлор со четвртиот сопруг Еди Фишер и Бартон со неговата прва сопруга Сибил Вилијамс, тие наскоро лудо се вљубија и кренаа „огромна прашина“ во медиумите. Причината за прекинот беа секојдневните неверства на Ричард, кои Елизабет повеќе не можеше да ги поднесе.

Според авторот на неговата биографија, Бартон спиел со просечно три жени неделно и така натаму три децении. Во неговите „најдобри“ денови, помеѓу 1947 и 1975 година, тој имаше љубовница секој втор ден. Велшанецот наводно спиел со 2.500 жени.


Мадона и Шон Пен
Двојката се запозна додека се снимаше спотот за песната на Мадона ‘Material Girl’. Тие се венчаа само неколку месеци подоцна, а фотографиите од нивната венчавка ги исполнија насловните страници на сите списанија. Но, нивната бурна врска заврши со развод по само четири години брак. Се „шушкаше“ дека Шон (59) физички ја малтретирал поп-кралицата Мадона (61), иако подоцна ги демантираше гласините.


Шер и Грег Олман
Пејачката Шер (73) се омажи за рок-ѕвездата Грег Олман на 30 јуни 1975 година, само три дена по разводот со Сони Бон, со кого помина 11 години. По девет дена брак, таа поднесе барање за развод поради неговите испади поврзани со зависноста од хероин и алкохол. Откако Грег заврши на рехабилитација, парот помина уште некое време заедно. После тоа, Шер останала бремена и добија син.

escort - Korsan taksi