Најлоша навика што ја правиме секое утро, а му штети на здравјето!

11 јули, 20200
кафе

Кафето има докажано добри ефекти ако се пие во умерени количини. Но доколку го пието кафето секое сабајле на празен стомак, тоа може да предизвика здравствени проблеми.

Еве што се случува во организмот по утринското кафе

Во стомакот имаме киселина која ни е потребна за да ја вари храната. Кафето го забрзува производството на киселината, особено кога во стомакот нема храна.

Ако тоа се повторува секој ден, телото постепено станува мрзеливо и може да престане да ја произведува таа киселина, а резултат е забавено варење на храната.

Одредени бактерии во стомакот сакаат несварени протеини и кога ќе дојдат во допир со тие остатоци, произведуваат хидроген сулфид, кој предизвикува гасови во стомакот.

Но гасовите се само почеток. Како што се зголемува количината на киселина во стомакот, поголеми се шансите да имате проблеми со варење и иритирани црева. Ако сето ова потрае, може да дојде до рефлукс, синдром на иритабилни црева, па дури и до појава на чирови.

Овие проблеми не се создаваат од самиот кофеин, туку од ензимите, киселините и останатите состојки кои ги има кафето.

Но и кофеинот не е добар наутро на празен стомак. Кофеинот го забрзува процесот на празнење на цревата, што не е природен процес. Исто така, кофеинот го забрзува и процесот на празнење на течности во телото и заради тоа бубрезите немаат доволно време да го апсорбираат калциумот, магнезиумит, цинкот и другите важни минерали. А недостатокот од магнезиум во организмот предизвикува анксиозност и депресија, астма, создавање на крвни згрутчувања, срцеви болести, висок крвен притисок, болести на бубрезите и тн…

Анскиозност и депресија

Луѓето пијат кафе наутро мислејќи дека така се расонуваат. Но кафето го зголемува ризикот од анксиозност и депресија на многу начини.

Кофеинот го зголемува кортизолот, хормонот на стрес. Исто така кофеинот го спречува создавањето на серотонин, хормонот на среќата и убавото расположение. Го забрзува и лачењето на витамин Б и влијае на неговата апсорпција. Б витаминот е важен во регулирањето на расположението, опуштањето и управувањето со стресот.

Па така, ако сакате нешто да ве подигне наутро, гледајте тоа да не биде кафе. можеби чајот е подобра опција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *