Најпопуларните папучи за пролет/лето 2020!
15 мај, 20200
Доколку мокасините отсекогаш ви биле супер кога ќе ги видите на нечија нога, а сте немале храброст да ги носите, тогаш “муле”oбувките се совршен избор за вас.
Тие станаа популарни уште од моментот кога Сара Џесика Паркер, т.е. Кери Бредшо ги носеше во серијата “Сексот и градот”.
Mule е француски збор кој означува чевли со затворен или отворен преден дел, а отворен дел во петата. Со фустан, здолниште или фармерки, совршено се вклопуваат бидејќи симболизираат елеганција и префинетост.
Предноста на овој модел на чевли е што може да се најдат и по многу достапна цена, а за трендот се предвидува дека ќе трае долго. Па нема да згрешите и да потрошите повеќе пари за нив, ќе ви се исплати.
Еве неколку модели од овие обувки: