Најпознатиот готвач ја открива тајната за совршени тестенини: Италијаните збеснаа „Ова е навреда!“ (ВИДЕО)

13 септември, 2020
remzi

Познатиот готвач Гордон Ремзи реши да ја открие тајната за готвење на совршени тестенини, и ако ги следите овие неколку едноставни чекори, ќе успеете секој пат!

„Тестенините се одлични и сега ќе ви покажам неколку правила. Истурете вода во голема шерпа, додадете масло, малку сол, а потоа почекајте да зоврие водата, па нежно вметнете ги тестенините во шерпата и полека измешајте. Ако користите шпагети, најпрво ставете едниот крај да омекнат, пред нежно ги извртувате за да ги потопите комплетно во вода – објаснува славниот готвач. Поставете тајмер и откако ќе истече времето, пробајте една тестенина, за да утврдите дали е подготвена. Тоа е, можете да го почувствувате тоа под прстите, дали е убаво цврсто, т.е. ал денте. Залакот не е крцкав, но убав и густ. Пред да ги исцедите тестенините, додадете уште малку сол, бибер и лажица маслиново масло уште еднаш, за да спречите лепење на шерпата.