Најздравата закуска во светот: Го забавува стареењето, го забрзува метаболизмот!

12 април, 20200
pukanki

Доколку сакате да изгубите тежина или само да ја одржите својата линија во добра форма, ова може да ви биде совршена закуска.

Пуканките секогаш се наоѓаат на списокот на нездрави грицки, но најмногу затоа што се подготвуваат во микробранова печка или со многу путер и сол.

Прво, тие не мора да бидат подготвени на тој начин, второ, генерално тие се доста здрави.

Пуканките се направени од зрна од пченка и тие се грицки со скриени нутритивни придобивки. Можете да јадете пуканки во солена и слатка варијанта. Без оглед кој вид да го претпочитате пуканките се одлична закуска, особено кога гледате телевизија. Ако сакате да јадете пуканки, тогаш дефинитивно треба да ги знаете здравствените придобивки од оваа намирница.

Цели зрна: Пуканките се направени од зрна од пченка, а цели зрна тешко можат да бидат лоши за вашето здравје. Целите зрна се богати со растителни влакна како овошјето и зеленчукот, што ги прави многу подобра закуска од чипсовите и бургерите. Пуканките што ќе ги купите на улица може да бидат нездраво подготвени, затоа секогаш чувајте пуканки дома во тава со малку масло.

Антиоксиданти: Истражувачите откриле дека пуканките содржат полифеноли (антиоксиданс). Овој антиоксиданс е многу посилен од витамин Ц и Е. Полифенолот испушта токсини од организмот и го подобрува имунолошкиот систем. Истражувачите откриле дека една порција пуканки има 300 мг полифеноли (13% од просечната потрошувачка потребна на дневна база за здраво тело). Овој антиоксиданс го намалува стареењето, лечи запек, ја подобрува функцијата на дебелото црево, го подобрува срцевиот ритам и спречува појава на рак.

Нерастворливи влакна: Постојат два вида влакна, имено растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна се раствораат во вода и нерастворливите влакна не се раствораат во вода, туку се движат низ цревата и се апсорбираат.

Нерастворливите влакна вршат притисок врз цревата и го лекуваат запекот. Пуканките се закуска од цело зрно богата со нерастворливи влакна. Ова значи дека пуканките лесно се варат и не создаваат масти. Како овошјето и зеленчукот, пуканките се богати со нерастворливи влакна кои лекуваат запек. Нерастворливите влакна прават да се чувствувате сити долго време. Така нема да се чувствувате гладни подолго време.

Овие се неколку здравствени придобивки од пуканките. Ако навистина сакате тоа да биде хранлив оброк, тогаш препрорачуваме сами да направите пуканки во тенџере. Елиминирајте ги пуканките што се подготвуваат во микробранова печка, бидејќи имаат екстремен број на калории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi