Напивки што ќе ви помогнат да ги стопите килограмите наталожени во карантинот

26 јули, 20200
napitok

Ако сакате да изгубите неколку килограми пред летото, особено во стомачната регија, овие напивки ќе ви помогнат во тоа.

Ладен чај од нане

Чајот од нане е сам по себе одличен за освежување во топлите летни денови. Но тој покажа дека е одличен сојузник и во борбата против маснотиите на стомакот. Чајот од нане му помага на вашиот организам за подобро да ги вари маснотиите, па масната храна како што се хамбургерите и шницлите, побрзо се варат, а тоа ја намалува надуеноста на стомакот.

Навечер сварете си нане, оставете го да се олади, а потоа ставете го во фрижидер преку ноќ. Наутро ќе се освежите со вкусен домашен леден чај без шеќер.

Вода со вкус

Кога се обидувате да ослабете, најважно е да пиете вода, и тоа многу вода! Но, ако обичната вода многу брзо ви досадува и сакате нешто што побрзо ќе ве разлади, пробајде да додадете малку природен вкус во својата ладна вода.

Може да се одлучите за свежо нане, парчиња лимон или исечкана краставица. Многу е важно да внесувате многу течности бидејќи тоа ќе ви помогне при надуеност и задржување на вишокот на вода – а тоа се две клучни причини зошто вашиот стомак често изгледа зголемено.

Сок од лубеница

Сè додека се направени без дополнителни шеќери и ароми, природните сокови и шејкови можат да бидат одличен начин за да се освежите и насладите, а притоа да не внесете премногу калории. Лубеницата е одлична база за сок, токму затоа што поседува многу вода, богат вкус и нема многу калории.

Не само што таа одлично хидрира, туку е полна и со хранливи материи, како што се ликопени кои се борат против ракот, но и амино киселината аргинин. Студии докажаа дека аргининот може да ги разгради маснотиите во телото и да помогне за изградба на мускули.

Зелен чај

Тешко е дека ваква листа може да помине без кралот на сите диетални пијалоци, чудотворниот зелен чај. Не само што со редовно консумирање ќе го намалите ризикот од добивање на рак и срцеви заболувања, туку студии покажаа дека овој пијалок содржи антиоксиданти кои помагаат во разградување на салото на стомакот.

Ако пиете шолја зелен чај пред вежбање истите овие антиоксиданси ќе ви помогнат за побрзо да ги согорите мастите при аеробните вежби.

Шејк од темно чоколадо

Да, чоколадниот шејк навистина може да ви помогне да ослебете. Чоколадото, а особено црното чоколадо, може да ви помогне во процесот на слабеење бидејќи го намалува апетитот и ја спречува неконтролираната желба за благо и грицки.

Иако ова звучи како остварување на вашиот сон, имајте предвид дека шејкот од чоколадо иако не содржи шеќер, тој има доста калории. Така што, најдобро би било тој да ви заменува еден оброк, при што најдобро би било да го пиете за појадок – долго ќе останете сити и нема да имате желба за нездрави благи задоволства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi