Направете го овој тест и дознајте колку ви е јак мозокот

29 мај, 2020
219845_mozak-profi_ls

Животните години не треба да значи дека и вашиот мозок е подеднакво стар.Некогаш таа разлика може да се мери и со децении, а причините за тоа се многубројни и различни.

Меѓутоа јачината и староста на вашиот мозок може да се утврди благодарение на специјално дизајниран тест. Џон Ридли Струп создал тест кој со голема прецизност го одредува капацитетот и јачината на вашите мозочни клетки како и силата на концентрацијата и меморијата.

Така наречениот Струп тест функционира на тој начин што ви дава задачи за кои е потребна концентрација и внимание, а има неколку нивоа од лесно до тешко. Секое наредно ниво е се потешко и временски подинамично за да на крајот на тестот имате јасна претстава колку вашиот мозок е истрениран.

Тестот е многу едноставен и брзо се решава, а ќе ви открие многу за сензорите на внимание, концентрацијата и брзината на реагирање, како основни фактори на силата и виталноста на вашите мозочни ќелии.