Направете сами јаболков оцет од кори од јаболка!

13 август, 20200
оцет

Многу е едноставно, а ќе добиете домашен јаболков оцет од она што би завршило во корпа за отпадоци. Јаболките добро измијте ги пред да ги излупите. Овој оцет можете да го правите и од цели јаболки доколку имате вишок.

Доколку не јадете често јаболки, па немате многу остаток, тогаш собирајте ги во замрзнувач додека не добиете доволна количина за правење на оцет. Кората и сите други остатоци ставете ги во најлон и замрзнете ги.

Постапка:

Во стаклен сад ставете ги остатоците од јаболките па прелијте ги со вода во која ќе ставите шеќер. На литар вода се става третина шолја шеќер. Стаклениот сад прекријте го со провидна ткаенина, зацврстете ја со ластиче и почекајте.

Еве како да направите сами

По околу една недела течноста станува потемна. Тогаш процедете ја и вратете ја во стаклениот сад па повторно прекријте ја со провидна крпа. Повторно оставете три до четири недели. Ќе знаете дека јаболковиот оцет е готов кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња во течноста. јаболковиот оцет чувајте го на ладно место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi