Направете сами: Рецепт за пилинг кој го уништува целулитот!

30 декември, 2020
fa3888915d3198e034a8041d62a03352fd78bbad


Пилингот е одличен препарат пред нанесување антицелулитни креми, а во комбинација со масажа, дава одлични резултати во борбата против целулитот. Можете да го купите, или можете да го направите сами. Ние ви донесуваме едноставен и ефикасен рецепт. За овој многу едноставен рецепт, ќе ви треба грубо мелен кафеав шеќер и малку маслиново масло. Со својата груба структура, шеќерот ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја стимулира циркулацијата на крвта, а маслиновото масло осигурува дека пилингот полесно се шири на кожата и ја храни.


1. Измешајте ги овие две состојки во сооднос 1: 1 во сад.

2. При туширање, тријте го антицелулитниот пилинг со кружни движења на кожата. Потоа исплакнете го.

3. За уште подобар ефект, туширајте ги нозете, колковите и задникот наизменично со топла и ладна вода.