Направете сами традицијаонална и вкусна босанска пита
14 мај, 20200
За овој рецепт потребни ви се следниве состојки:
- 1 јајце
- сол
- 200 мл топла вода
- брашно
- 100 гр павлака или јогурт
- 2 главици бел лук
Изматете ги јајцата и додадете сол. Потоа следува водата па полека додавајте го и брашното. Смесата која треба да ја добиете е слична на онаа како за палачинки односно ретка.
Ставете ја смесата во замаслен сад и печете на 200 степеи околу 10 минути.
За преливот треба да ги процедите двете главици лук и да ги измешате со павлаката или со јогуртот..
Кога тестото ќе се зарумени или ќе стане крцкаво извадете го од рерната и прелијте го со павлаката или јогуртот. Пријатен апетит!