НАУЧНИЦИ ОД ОКСФОРД ДОЈДОА ДО НОВИ СОЗНАНИЈА: Дел од излекуваните од Ковид-19 имаат застрашувачки последици, а не се ни свесни за тоа

11 ноември, 2020
Tan2020-10-30_202223169_0_1000x0

Резултатите само потврдуваат дека Ковид-19 може да влијае на мозокот и умот

Една петтина од пациентите кои се опоравиле од коронавирусот имаат поголема веројатност да развијат ментална болест, велат истражувачите од Универзитетот во Оксфорд, по големото истражување кое покажало дека 20 проценти од заразените развиле ментални проблеми во рок од три месеци

Најчести нарушувања биле анксиозност, депресија и несоница, но истражувачите откриле и поголем ризик од деменција.

„Луѓето се загрижени дека излекуваните пациенти со корона имаат поголем ризик да добијат ментална болест, а нашето истражување покажа нешто слично“, рече Пол Харисон, професор по психијатрија на Универзитетот во Оксфорд.

Лекарите и научниците од целиот Свет се обидуваат да ги утврдат причините за ментални нарушувања што е можно поскоро и да најдат одреден третман за лекување на психата по заздравувањето од коронавирусот, додаде Харисон.

„Здравствените служби мора да посветат посебно внимание, особено затоа што нашето истражување за бројот на ментални нарушувања ќе се земе со резерва“, додаде тој.

Една студија објавена во психијатрискиот журнал „Лансет“, електронски анализирала податоци од 69 милиони луѓе во САД, вклучувајќи 62.000 кои биле заразени со коронавирусот.

Три месеци откако биле позитивни на вирусот корона, секој петти излечен имал ментални проблеми за прв пат во животот, како што се анксиозност, депресија или несоница.

Студијата исто така открила дека луѓето кои имале ментални проблеми пред да бидат заразени со корона имаат 65 проценти поголема веројатност да добијат корона отколку оние кои немале такви проблеми.

Невролозите кои не беа вклучени во оваа студија рекоа дека резултатите само потврдуваат дека Ковид-19 може да влијае на мозокот и умот, зголемувајќи го опсегот на психијатриски заболувања.

„Ова веројатно се должи на комбинацијата на психолошко влијание на пандемијата и физичките последици од болеста“, рече Мајкл Блумфилд, консултант психијатар на Универзитетот во Лондон.

Симон Весли, од Кралскиот универзитет во Лондон, вели дека луѓето со одредени ментални нарушувања се изложени на поголем ризик да добијат корона вирус.

“Ковид-19 влијае на централниот нервен систем и може да предизвика нарушувања. Но, ова истражување потврдува дека ова не е целата приказна и дека ризикот е зголемен со претходните состојби на умот”, рече тој.

escort - Korsan taksi