Научниците докажаа дека луѓето кои често конзумираат „нездрава храна“ биолошки СТАРЕАТ значително ПОБРЗО

8 септември, 2020
1305380

Луѓето кои консумираат многу индустриски обработена брза храна имаат поголема веројатност да имаат промени во хромозомите поврзани со стареењето отколку оние кои се хранат поздраво, покажуваат резултатите од новата шпанска студија

Три или четири порции таканаречена „високо обработена храна“ на ден, двојно ги зголемува шансите нивните телемери да бидат пократки од оние кај луѓето кои ја консумираат поретко, објавија шпанските научници на виртуелната меѓународна конференција за дебелината.

Теломерите се еден вид заштитно капаче на краевите на хромозомите, кои се скратуваат со секоја клеточна делба и затоа се сметаат за индикатор за стареење. Правилото е: колку пократки се теломерите, толку е постаро живото суштество. Скратувањето на должината на теломерот е знак на биолошка старост.

Кратките теломери се маркери на биолошко стареење на клеточно ниво, а оваа студија сугерира дека лошата исхрана е значаен фактор кога станува збор за побрзо стареење на клетките.

Секоја човечка клетка има 23 пара хромозоми кои го содржат нашиот генетски код. Теломерите не носат генетски информации, но тие се клучни во процесот на зачувување на стабилноста на хромозомите и нашата ДНК, од чие функционирање зависат сите клетки во телото. Колку што старееме, природно се пократки нашите теломери, бидејќи со секоја клеточна делба дел од нив се губи.

Истражувачкиот тим, предводен од професорите Марио Бес-Растроло и Амелија Марти од Универзитетот во Навара, сакаше да ја истражи врската помеѓу редовното консумирање на високо обработена „нездрава“ храна и скратувањето на теломерите. Тоа е храна со индустриски произведени состојки составени од мешавина на масла, масти, шеќери, скроб и протеини кои содржат малку или воопшто не содржат природна храна.

Тие често вклучуваат вештачки засладувачи, бои, конзерванси и други додатоци кои го продолжуваат рокот на траење на храната. Но, горенаведените својства не значат дека таквата храна е нутритивно слаба во споредба со помалку обработените варијанти.

Претходните истражувања покажаа силна корелација помеѓу високо обработена храна и висок крвен притисок, дебелина, депресија, дијабетес тип 2 и некои видови рак.

За студијата, шпански истражувачи ги проучувале здравствените податоци на околу 900 лица постари од 55 години, од кои една третина биле жени со просечна возраст помала од 68 години. Според навиките во исхраната, учесниците во студијата биле поделени во четири групи: првата група конзумирала помалку од две намирници високо преработена храна на ден, а четвртата повеќе од три.

Откриено е дека четвртата група има значително повеќе пријавени случаи на кардиоваскуларни болести и дијабетес, а нејзините учесници конзумирале повеќе маснотии, сол и холестерол и помалку зеленчук и овошје. Во споредба со групата што конзумирала најмалку преработена храна, другите три имале зголемена веројатност за скратување на теломерите од 29, 40 и 82 проценти, соодветно.

Шпанските научници успеаја да докажат дека луѓето кои често консумираат индустриски преработена храна стареат биолошки значително побрзо. Но, во исто време, тие нагласија дека ова не е директна кауза-последична врска и сметаат дека се потребни дополнителни истражувања за недвосмислено поврзување на процесот на скратување на теломерот со диетата.

Резултатите од студијата беа објавени во American Jurrnal of Clinical Nutrition.

escort - Korsan taksi