Научно докажани совети за подобро флертување: Овие 3 работи се најважни – без нив немате шанси

24 мај, 2020
Насловна

Научниците конечно докажаа дека уметноста на флертување навистина постои! Откриле 47 особини за кои тврдат дека „го прават флертувањето успешно“.

Една неодамна објавена студија под наслов „Уметноста на флертувањето: кои особини ве прават ефективни?“ oткрива дека жените ценат нежен пристап, додека мажите можеби се најмногу заинтересирани за убавиот изглед.

– Во Студијата 1, користевме прашалници на примерок од 487 учесници и идентификувавме 47 особини кои го прават флертувањето ефективно.

Во Студијата 2, побаравме 808 учесници да оценат колку е ефикасна секоја особина во флертувањето, според личните стандарди. Користејќи ја анализата на главните компоненти, ги класифициравме својствата во девет фактори. Невербалното однесување, интелигенцијата и нежниот пристап беа оценети како најважни – посочуваат истражувачите. Истражувачите откриле дека колку е постар учесникот, толку повеќе го ценеле „нежниот пристап“ кон флертувањето.

Почитувањето, самодовербата и харизмата се на „листата со флерт“, што воопшто не не изненадува. Сепак, интересно е дека необичните хобиa можат да влијаат врз атрактивноста.

Ако сакате да ги видите сите 47 карактеристики, видете го списокот подолу:

  • Хумор
  • Интелигенција
  • Добар изглед
  • Упорност
  • Чесност
  • Интерес за личноста
  • Добра комуникација
  • Учтивост
  • Почитување
  • Добар карактер
  • Самодоверба
  • Оригиналност
  • Убава насмевка
  • Нежност
  • Релаксација
  • Заеднички карактеристики
  • Храброст
  • Дискреција
  • Интересна личност
  • Шарм
  • Заеднички интереси
  • Образование
  • Пријатно лице
  • Спонтаност
  • Директност во комуникацијата
  • Задржување на погледот
  • Љубезност
  • Мистерија
  • Колку се чувствувате пријатно со него / неа
  • Убави комплименти
  • Трпеливост
  • Романтика
  • Симпатија
  • Одредување
  • Желба да знаете што повеќе работи за мене
  • Позитивност
  • Начинот на кој ме гледа
  • Расположение
  • Зрелост
  • Убав мирис
  • Сериозност
  • Постепено освојување
  • Невообичаено хоби
  • Позитивност
  • Добар фустан
  • Храброст
  • Начин на пристап
  • Манири