Не e PCR-тест! Овој метод е најбрзиот и најсигурен начин да откриете дали имате коронавирус

3 ноември, 2020
rak-pluca-830x0

Истражувањата покажуваат дека промените во белите дробови може да се појават и кај луѓе кои имаат симптоми на инфекција со корона вирусот, но биле негативни за време на тестирањето.
Ковид-19 може да ги оштети белите дробови дури и пред PCR-тестот, што е златен стандард за дијагностицирање на коронавирус, да покаже присуство на инфекција. Промени во белите дробови, покажуваат истражувањата, може да се појават и кај луѓе кои биле негативни за време на тестирањето. Имено, тестот за PCR не е 100% сигурен.
Во околу 19 проценти од случаите, дава лажен негативен резултат и кај заразените лица. За да може третманот на ковид-19 да биде што поуспешен, а промените во белите дробови да бидат забележани што е можно порано, потребно е да се евидентираат белите дробови на лице за кое постои сомневање дека има корона вирус.
Радиолошки преглед на белите дробови треба да се изврши кај сите пациенти кои имаат симптоми или биле во контакт со заразено лице, доколку се сомневаме во оштетување на белите дробови предизвикано од корона вирусот, како и да откриеме компликации и да го следиме текот на болеста.