Не очекувајте дека ќе ви ги читаат мислите: пет начини на кои жените ја саботираат врската

1 мај, 20200
врска

За љубов и кавга се потребни двајца. Иако при кавга често се случува вината да ја префрлиме на партнерот, добро размислете колку сте вие виновни за ситуацијата во која сте се нашле, а не ви се допаѓа.

Не се средувате повеќе

Ако настапил период на тренерки, храна на маиците и природна убавина, т.е. занемарена грижа за себе, тоа е во ред, но само ако немате ништо против тоа вашиот партнер да престане да ве доживува како предмет на посакување.

Љубомора и забрани

Ако му забранувате да гледа фудбал или да излегува со пријателите, очекувајте вашиот партнер да ве нарекува “аждаја”. Можеби и тој не е пресреќен кога вие излегувате со другарките, но никогаш не ви забранил.

Не поминувате време заедно

Повеќе не излегувате, а дома работите не се најсјани. За добра врска, повремените заеднички излегувања се добредојдени.

Очекувате тој да размислува како жена и да ви ги чита мислите

Таквите очекувања не само што се бескорисно губење на време, туку се и голема причина за кревање тензија. Мажите ги збунуваат жените, а жените не ги разбираат мажите, и тоа ќе биде така засекогаш.

Се обидувате да го промените

Немојте! Невозможно е да промените нечија личност. Или ќе го прифатите таков каков што е, или барајте нов партнер. Со мало потсетување дека и вие не сте совршени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *