Не сакате вашата облека да избледи а сакате да отстраните дамки? Ставете го во машината за перење ОВОЈ кујнски зачин!

14 септември, 2020
veps-masina-2048x1367

На сите нас ни се случило дури и по неколку перења, упорната дамка на маицата да не се отстранува, а понекогаш и бојата на нашата омилена облека почнува да бледее сè повеќе од премногу перење. Сепак, еден кујнски зачин го решава овој проблем!


Можеби звучи неверојатно, но црниот бибер е фантастична алатка за отстранување дамки од светла облека, како и за зачувување на бојата на темната и шарена облека.


Треба да истурите 1 лажица мелен бибер во машината и да ги вклучите алиштата за перење. Исто така, важно е да се пере на најниска температура, односно во ладна вода, за да успее трикот. Важно е да не се става биберот во делот со детергентот, туку само во барабанот. Овој зачин делува и ефикасно ги отстранува остатоците од сапун од ткаенината, што е главната причина зошто бојата на облеката исчезнува со текот на времето. Најдобар ефект со биберот се постигнува со црна облека, која ќе остане интензивна боја по ова.