Нема да верувате дека сами можете да одгледате лимон! Пробајте и уверете се!

29 април, 2020
limon 1

Лимоновото дрво воодушевува со својот изглед, цвет, убавиот мирис и убавата жолта боја на плодовите. Исто така, нè потсетува на лето и одмор, нешто за што во моментов толку многу копнееме. Сега можете и сами да одгледувате лимони дома, на балкон или во градина.

Рака на срце, нема веднаш да уживате во цветот или во плодовите. Морате да бидете трпеливи. Но чувството е прекрасно кога набљудувате како расте некоја билка која сами сте ја одгледале.

Како да одгледате дрво од лимон

Потребно ви е:

– земја за цвеќе

– тегла за цвеќе

– подлошки

– проѕирна фолија

– прскалка за наводнување